Бета – каротенот е најдобрата заштита која може да и ја подарите на Вашата кожа ова лето. Доколку уживате во сончевите зраци и сакате да добиете убав бронзен тен, а притоа да ја заштитите Вашата кожа од штетните УВ зрачења, задолжително понесете ја вашата спирулина и ова лето со Вас.
Благодарение на Бета-каротенот со кој е богата спирулината Вашата кожа ќе биде заштитена од штетното влијание на УВ зраците кои може да предизвикаат тешки изгореници, предвремено стареење на кожата и рак на кожата , a Вие безгрижно ќе уживате во песочните плажи заедно со Вашите најмили и воедно ќе добиете перфектно бронзен тен.
Спирулината е најбогатиот извор на Бета-каротен на планетата, го има 39 пати повеќе од морковите и 80 пати повеќе од кајсиите. Бета-каротенот е пигмент со портокалова боја и има бројни полезности за човековото здравје.
Човековото тело го претвора бета-каротенот во витамин А. Витаминот А е важен за одржување на микозните мембрани и пигментите потребни за видот и здравјето на очите. Недостаток на Витамин А може да доведе до слепило.
Бета каротенот е моќен антиоксидант кој го штити нервниот систем и ја зголемува отпорноста. Се препорачува интензивен внес на Бета-каротен во летните периоди бидејќи штити од штетните УВ зраци, при сончање кожата добива прекрасен бронзен тен и кожата ја прави еластична и ги одржува косата, ноктите и очите во оптимална состојба.
Бета-каротенот во спирулина е помоќен и по ефектен од синтетичкиот бета-каротен кој е содржан во диететските производи.
Бета каротенот има терапевски ефекти како намалување на холестеролот, го намалува ризикот за добивање рак. Последните 12 години објавени се разни студии во кои се покажува дека бета-каротенот го намалува ризикот од сите видови на рак вклучувајќи рак на грло, бели дробови, дебело црево, гради и стомак.