Сино зелената боја на спирулината доаѓа од хролорфилот или така наречена крв на растенијата. Хлорофилот во растенија е собрана сончева енергија, тој по својот состав е идентичен на хемоглобинот во крвта, тие се разликуваат саме за еден атом. Во хемоглобинот тоа е железо, а во хлорофилот тоа е магнезиум.
Хлорофилот има моќ да ги регенерира нашите тела на молекуларно и клеточно ниво, исто така го прочистува нашиот организам, се бори против инфекции, помага за побрзо заздравување на раните ,ја подобрува циркулација на крвта, варењето и го зајакнува имунитетот. Хролофилот го зголемува бројот на црвени крвни зрнца, а со тоа се зголемува апсорбцијата на кислородот во нашето тело. Го спречува врзувањето на карциногените за ДНК-та на црниот дроб и другите органи. Помага за отстранување на тешките метали од организмот.
Хлорофилот има бројни полезности и чудесно делува на нашето здравје. Тој помага за создавање и дополнување на црвени крвни зрнца. Ја зголемува нашата енергија, и не прави да се чувствуваме здрави речиси веднаш.
Хролофилот има антисептично дејство, тој ги појачува ткивата и ги прави поотпорни на бактерии и микро организми и помага во нивното уништување. Го збогатува организмот инстатнтно со магнезиум со што се намалува киселоста на организмот и се подобрува дотокот на кислород до клетките.