Одржување на здравјето за време на бременоста е од витално значење како за мајката така и за фетусот.
Тоа значи дека избаласирана храна богата со нутриенти е императив за време на бременоста. Спирулината се смета за најсигурен извор на нутриенти кои се природни и биоразградиви.
Особено е важно да се зголеми консумирање на железо кое е потребно за формирање на крвни зрнца (за снабдување на исхрана за фетусот), за оптимална оксигенизација на фетусот за здрав неуролошки и физички развиток. Спирулината е перфектен извор на железо за време на бременоста кое организмот два пати повеќе го абсорбира од формата на железо што се наоѓа во зеленчуците и месото.
Спирулината содржи 60% протеини кои ги содржат сите есенцијални амино киселини кои се потреби за развој на фетусот, и раст на матката и плацената. Кај бремените жени потребата за протеини се зголемува за 25 -30% .
Б-витамините ,фолната киселина, витаминот Б-12 кои ги има во изобилие во спирулината се портребни за спречување на дефекти при раѓањето, тие се потребни посебно во првите 6 месеци кога доаѓа до интензивна делба на клетките за подобрено формирање на крвни клетки. Калциумот , магнезиумот и витаминот К2 се потребни за созадавање на здрави коски, и спречување на хипертензија за време на бременоста.
Антиоксидантите кои ги содржи спирулината како бетакаротенот и витаминот Е се неопходни за спречување на предвремено породување и раѓање на бебето со мала тежина.
Зеаксетинот е антиоксиданс добар за здравјето на мозокот и очите. Витаминот К1 е потребен нормално згрутчување на крвта, и да се спречи прекумерно крвавење при раѓањето. Спирулината е најбогат извор на Гамалинолеинска Киселина (ГЛА) , есенцијална масна киселина која е од големо значене за здравјето на жените.