10 знаци дека имате недостаток на железо

Се чувствувате постојано уморни? Причина … Имате недостатот на железо! Спирулината е најбогат извор на биоразградливо железо.

Неколку знаци дека имате недостаток на железо:

Се почесто се чувствувате уморни

Телото го користи железото за да го произведе хемоглобинот кој се наоѓа во црвените крвни зрнца и се пренесува преку кислородот. Намалениот кислород во крвта доведува до чувство на константен умор.

Намалена концентрација

Доколку забележувате дека вашата концентрација во последно време е многу намалена и имате проблем при фокусирање кон бројните секојдневни обврски, тогаш има големи шанси дека тоа се случува поради недостаток на железо.

Апатија и вознемиреност

Дали чувствувате апатија кон сè? Вклучувајќи ги и семејството, пријателите, работата, па дури и омиленото хоби? Оваа појава може исто така биде предизвикана од намалено количество железо во крвта. Доколку забележувате вакви драстични промени во вашето расположение, тогаш најдобро е да направите крвна слика.

Брзо се заморувате

Ако за време на одењето, вежбањето или завршувањето домашни обврски многу брзо и нагло останувате без воздух, тогаш вината можеби треба да ја барате во недостатокот на овој минерал. Станува збор за кислородот кој на вашето тело му е потребен, но не го добива во доволни количини.

Бледи сте

Бледата и провидна кожа може да биде знак на намалување на железото во крвта. Тоа исто така може да биде предизвикано и од слаба циркулација на крвта или од намален број црвени крвни зрнца.

Имате слаба кондиција и немате енергија

Ако сте личност која редовно вежба, но сепак сте забележале дека стандардните вежби ви стануваат понапорни тогаш можеби имате проблем со железото. Недостатокот на овој минерал ја намалува физичката способност и издржливост на организмот.

Имате болки во мускулите

Доколку по завршувањето на тренингот или по подолгото одење чувствувате силни болки во мускулите, а не сте правеле нешто ново, тогаш вашето тело ви вели дека му е потребно повеќе железо.

Често се разболувате

Ако цела зима сте биле настинати или болни, особено ако секогаш патите од болести на дишните патишта, тогаш време е да ја проверите вашата крвна слика. Бојата на урината е розева Доколку сте забележале значајна промена во бојата на урината време е да побарате помош. Од недостатокот на железо таа може стане розова, па дури и црвена.

 

Сеуште нема коментари на оваа тема

Коментари не се дозволени!