Спирулина за здрав вид

Спирулината е богата со витамин Б12, картеноиди како лутеинот, зеаксантинот кој позитивно влијаат на видот и здравјето на очите.

Лутеинот и зеаксантинот ни се потребни од раѓање па се до длабока старост, тоа се картеноиди кои телото не може само да ги синтетизира. Тие се распространети низ сите ткива а посебно ги има во голема коцетрација во пределот на очите , поточно во ретината и макулата. Макулата е највиталниот дел од ретината , ја изоштрува сликата кога читаме или гледаме предмети. Лутеинот и заексантинот се пигменти кои ги има во макулата и ја орджуваат функцијата и структурата на осетливите делови на очите (ирис, ретина и леќа) и ги штитат од штетното влијание на слободните радикали и ултравиолетовите зраци.

Глаукома е губење на периферниот вид како резултат на оштетување на очниот нерв. Витаминот Б-12 кој го има во изобилство во спирулината има позитивно дејство врз очниот нерв и ја намалува можноста за развивање на глаукома.

Сеуште нема коментари на оваа тема

Коментари не се дозволени!