Спирулина моќен тоник за имунолошкиот систем

Спирулината е многу хранлива и лековита алга, која во себе содржи преку 4000 хранливи состојки како витамини, минерали, ензими, антиоксидатни, протеини, амино киселини… Сите овие состојки се во органска, природна, лесно апсорплива форма. Делуваат благотворно и имаат бројни полезности врз човечкиот организам.

Спирулината  го храни, обновува и прочистува организмот, дава енергија и пред се на ИМПРЕСИВЕН НАЧИН ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ.

ЧИТАЈ ВНИМАТЕЛНО !!!  Откриј како спирулината може да ти го зајакне ИМУНИТЕТОТ и како може да те направи супер отпорен на болести, да бидеш полн со енергија и здрав како дрен!

Дали знаете што претставува ИМУНИТЕТОТ ?

За да бидете здрави пред се треба да знаете што е тоа имунитет и имунолошки систем.

ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ е мрежа од клетки, ткива и органи кои делуваат заедно да го обранат телото од разни надворешни напади.

Замислете дека вашиот ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ е една моќна, софистицирана и многу паметно организирана армија.

Таа армија е составена од имуно- клетки наречени “КЛЕТКИ УБИЈЦИ“ како Т-клетки, Б-клетки, лимфоцити, микрофаги ,антитела…..сите тие клетки претставуваат врвни специјализирани војници кои се создадени само за убивање на непријателот и за одбрана за организмот.

Одредени ткива и органи како: тимусот, коскената срж, слезината, крајниците претставуваат командни центри каде се создаваат, тренираат и координираат “КЛЕТКИТЕ УБИЈЦИ“.

Во зависност од тоа кој непријател напаѓа (вируси, бактерии, габи, токсини, патогени организми) имунолошкиот систем спрема различна „тактика“ за одбрана и напад за секој различен непријател.

Имунолошкиот систем има меморија со која го памти непријателот, кога следниот пат ќе нападне некој вирус и бактерија организмот алармира и “КЛЕТКИТЕ УБИЈЦИ“  се мобилизираат и брзо и ефикасно го унишуваат непријателот.

ЗАКЛУЧОК:  Имунолошкиот систем е твоја „приватна армија“ која те штити од болести и штетни надворешни влијанија. Силен имунитет значи дека одбрамбениот систем ти е силен и не може да се разболеш. Слаб имунитет значи дека имаме слаб одбранбен систем, дури и најобична бактерија може да те направи болен, а кога ќе се разболиш болеста трае подолго.

ФАКТ: Доколку не постои имунолошкиот систем може да умреме за 3 часа,  доколку не нападне и најобична бактерија

Зошто ослабнува имунитетот и кои се причините?

Лоша исхрана

Процесирана храна која ја консумираме содржи се помалку здрави хранливи материи кои можат да го подобрат имунитетот и е полна со пестициди, конзерванси, емулгатори, хормони и разно штетни хемикалии кој значително го намалуваат имунитетот.

Загаден воздух и вода

Воздухот кој го дишеме е загаден со отровни гасови и тешки метали. Водата која ја пиеме е полна со хлор и се прочистува со разни хемикалии кои влијаат врз имунитетот.

Антибиотици и лекови

Прекумерното користење на антибиотици и разни лекови го намалуваат бројот на добри бактерии во организмот и го прават помалку отпорен.

Алкохол и Цигари

Алкохолот ја намалува силата и ја успорува на работата на имуно-клетките. Цигарите содржат преку 5000 штетни хемикалии и состојки кои драстично го намалуваат имунитетот, па дури и кај пасивните пушачи.

Стрес

Стресот многу негативно влијае врз имунитетот, Кога сме под стрес нашето тело лачи прекумерно кортизол хормон кој го намалува бројот на имуно-клетки

Недостаток од физичка активност

Додека вежбаме протокот на крв се зголемува и забрзано се исфрлаат токсините од вашето тело. Со подобра циркулација на крвта подобро циркулираат имуно -клетките, анти-телата и белите крвни зрнца кои се важни за борба против инфекциите

Како спирулина го зајакнува имунитетот?

Спирулина го стимулира организмот да создава нови имуни-клетки и ја зголемува нивната активност

Бројни медицински студии покажуваат дека при употреба на спирулина се забрзува создавањето на нови-имуно клетки кои се борат против инфекции и други имуно-клетки кои кој го подобруваат имунолошкиот систем и ја подобруваат заштитата од разни вируси, хронични болести и рак.

Јапонски научници од Униврзитетот во Осака извршиле испитување на 200 луѓе од различна возраст. Испитувањата покажуваат дека  кај 80% од испитаниците се зголемил бројот на одредени имуно-клетки над 30% за само 10 дена.

Исто така зголемена активност покажале составните делови на имунолошкиот систем како Т-клетките, матичните клетки од коскената срж, жлездите од слезината и тимусот

Спирулината го успорува развојот на болестите, ги регенрира клетките и ткивата

Спирулината во себе содржи ретки полисахариди кои го оневозможуваат навлегувањето на вирусите во здравите клетки на човекот, со што се оневозможува развој и ширење на болеста.

Долгогодишна студија на руски научници покажува дека прочистен ексракт од спирулина  го забавува ширењето на ХИВ вирусот, херпес, грип, заушки и мали сипаници.

Спирулината исто така ефикасно ги регенерира клетките и ткивата кои се уништени од вирусите и бактериите, така што организмот побрзо заздравува, окрепнува, а воедно и се регенерира.

Спирулината е моќен антиоксиданс

Спирулина е најбогат извор на бетакаротен моќен антиоксидант кој го јакне имунитетот и се бори против хронични инфекции и вируси . Бројни научни студии покажуваат дека бетакаротенот има антикацерогено својство и го смалува ризикот за заболување од рак.

Спирулина го прочистува и детоксицира организмот

Спирулината е богат извор на Хлорофил кој има силна моќ да го прочисти организмот од разни штетни материи кои ги внесуваме преку во воздухот и храната како тешки метали, токсини и разни хемикалии, материи кои негативно влијаат  на имунитетот.

Спирулина ја регулира PH вредноста на телото

Докажано е дека вирусите и бактериите сакаат кисела средина каде брзо се размножуваат, во алкална средина едноставно умираат. Спирулината ја зголемува PH вредноста со што се оневозможува нивниот развој. Висока PH вредност на телото исто така спречува ширење на рак, тумор, кандида и ешерихија коли.

 

Сеуште нема коментари на оваа тема

Коментари не се дозволени!